Чудно... кој друг звук го слушна студентот зад овие зборови?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, ја фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови ја исполнија целата просторија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Оддалеку, низ невидливите улици, се гласеше бродот, звукот беше ганголив, притулен, но сепак мошне јасно се одделуваше од сите други звуци.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Непрекинувана од други звуци, таа песна само уште повеќе ја потенцираше големата тишина и далечната осама, чувството на носталгија, на тага, од кое, ноќум, еве, не може да се одбрани ни еден градител како мене, ни еден копач на бунар, водач на маска, дури и кога големата идеја веќе се овенчува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тек-тук, кога неговото срце ќе го стишеше креветот, кога многу ќе го стишеше, тогаш во таа смиреност, слушаше друг звук - нежно газење на голи стапала по килимот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не се слушаше ни нашето дишење, а камо ли некаков друг звук во училницата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Другиот звук кој често го користеше беше „О!“ кој сигнализираше мало изненадување, присеќавање на нешто или поголема емоција.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Звукот не се гледа себеси како мисла, како “треба”, како нешто на кое му е потребен друг звук за да го разјасни, како итн; тој нема време за никакво разгледување - тој е зафатен со изведувањето на своите доблести: пред да исчезне, тој мора совршено да ја означи фреквенцијата, гласноста, должината, структурата на аликвотните тонови, прецизната морфологија на сето ова и на себе самиот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)