друг (прид.) - значење (имн.)

Другото значење беше дека нема што повеќе тој да чека од таа љубов, тоа е сѐ, тоа е крајното, најубавото и единственото што му го дава таа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неговиот речник беше така составен за да даде точен и често мошне суптилен израз на секое значење што еден член на Партијата би сакал исправно да го изрази, исклучувајќи ги истовремено сите други значења, како и можноста за доаѓање до нив преку индиректни методи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Новоговорот, тоа се нарекува „ двомисла“, иако „ двомисла“ содржи и многу други значења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И поимот на курбанот, како многуте други османизми, по многу години, со навлечени други значења стасува до нас?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Верни преку границата, крај родната куќа во времето ни беа останале само езерските бранови, но сега обележу­ваа други значења.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само, зборот заблуда веќе има други значења.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Други зборови и гласови покажа, друго значение, и сосема е јасно, од она што го видов – зошто врз царството поразии и проклетства паѓаат“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира и нејзе и бев рекол нешто што требаше да значи дека сум зачуден од нејзиното решение да почива токму таму, на тумбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и ако сакав не знам дали ќе можев тој нејзин избор, тумбата, да го потхранувам со некои други значења?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)