Во четвртата глава, станува збор главно за идеологијата изменета од поединецот, за идеологијата во „персоналниот систем на знаење“, за „структурата на идеолошкото знаење во свеста на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
А тој во себе комунизмот, како и сите други идеологии, ги прифаќаше како фасади на вистинскиот живот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Иако настаната во периодот од 1989-1992 год, - во, како што самиот автор вели, „време на идеолошки превирања и превреднувања“, „време на ‘пораз’ на марксизмот - идеологија која ги обележи последниве сто години, - книгата нема намера да понуди содржинска анализа на марксистичката или на некоја друга идеологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Актуелна, внимателна и луцидна во користењето помеѓу идеологијата - поим што на библиографскиот материјал, повремено дури и иновативна и го карактеризира ‘нашето време’ провокативна (што е нетипично за литературата од овој вид, тука, кај (“Современиот свет и човек живеат во духот на идеологијата”), нас), книгата на Саркањац бара повеќе од приказ (едно подлабоко и субјективитетот (поединецот) критичко читање), но ние, овојпат, имавме сила за толку... како “дифракциона точка на идеологијата” - онаа точка во која остварувањето на идеологијата мора да се прекрши.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Исклучиво насочувањето кон стилот имплицира еден посебен став спрема општественото производство и распределбата на уметноста - поставува одредени граници за материјално-техничкото производство на уметноста, како и одредени барања околу нејзиниот статус и корисноста, како и секоја друга идеологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сепак, најинтересно е издвојувањето на трите ситуации кои го покажуваат односот на субјективитетот кон идеологијата: 1) индиферентноста (“состојба кога поединецот не ја смета идеологијата за значајна за својот живот”, или кога идеологијата не успева со убедување и индоктринација да го механизира поединецот); 2) отфрлањето (може да биде a priori отфрлање, - кога поединецот отфрла една идеологија како следбеник на друга идеологија, и a posteriori, - кога ја отфрла сопствената идеологија; може да биде целосно и парцијално, чин или процес, може да биде единично или масовно, глобално отфрлање...); и 3) прифаќањето, интернализирањето - како процес на општествена (идеолошка) конструкција на стварноста (каде што поединецот му е ‘даден’ на општеството/ идеологијата) и како процес на самоконструкција - каде што општеството и идеологијата му се дадени на поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)