друг (прид.) - имот (имн.)

Ликвидаторите се должни да ги довршат зделките што се во тек, да ги наплатат 241 побарувањата на друштвото, да го упаричат другиот имот и да ги намират обврските спрема доверителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сторија едно чудо коњи, овци, друг имот, ама мене, со господа напред, никој веќе не можеше да ме стигне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Во присуство на претставници на селскиот народен одбор, како сведоци, другарите Лазо и Кузе, заради дезертерство на вашиот син Васил, во корист на народната власт ви јa одземаме куќата и целиот друг имот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
5.  Ако не се отвори стечајна постапка над друштвото, по донесувањето на одлуката за престанување на друштвото. се спроведува ликвидација (чл. 538, ст.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И други имоти си прикупуват тамо шо му било потребно за фамилијата и това не со килограми, со ока.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но, во конкретниов случај всушност  – според оценка на судот – станува збор за консензуален Договор за здружување заради заедничко остварување и поделба на извесна имотна корист, односно материјална заработувачка па посоодветен термин од „ортак“ се чини дека би бил „заедничар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)