друг (прид.) - империја (имн.)

Проучувајќи ги падовите на другите империи, Татко може да се соочи и со последиците кои ќе се однесуваат на неговото потесно и пошироко семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ретко која друга империја на Балканот, па и во светот, ги презела, првин, верата а, потоа, и законите на покорените, како што тоа го сторила Отоманската Империја...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Запираше најчесто пред киклопските ѕидови, кои потекнуваа од XI век, од времето на владеењето на моќното византиско царство Комнен, посебно пред надворешниот одбранбен ѕид: киклопските блокови камен, некогашни врвови на други империи, овде во неред, со измешани азбуки, да сведочат за неумоливиот марш на времињата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тој идеше од земјата на руската империја во пад, во времето кога се насетуваше една друга империја, онаа на сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Римјаните извршиле влијание и во преторијанските гарди на другите империи, како кај руските стрелици и египетските мамелуци, на пример.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, централната точка, во која постигнаа согласност Татко и Камилски беше: Отоманското Османското Царство беше засекогаш згаснато, како и другите империи на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)