Синот негов и личеше и не личеше на него; го потсетуваше на него по својот немирен дух, по своето широко интересирање за таканаречените воншколски дејности - по читање весници, списанија и книги вон лектирата; по својот занес за современата забавна музика; по својата ангажираност во музичката група, каде што не удираше само по тапани ами свиреше и на други инструменти, па другарите го избраа за глава на тајфата; а не го потсетуваше на него по своето непочитување на куќниот ред, по променливиот успех во учењето и по отсуството на секаква сериозност да пројави интерес за некоја наука или струка на која би ѝ се посветил по матурата - освен музиката, се разбира, но не класичната ами исклучиво џезот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Неговиот рестриктивен центар, каде што беше сместена радио-станицата и другите инструменти, веројатно било местото на породувањето или тоа беше кабинетот на амбасадорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Шифрантот Петар Иваз веќе беше пред работното време на своето работно место.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)