Ќе бидам среќна ако читам и други книги од овој автор.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми му читаше на Чанга и од други книги за Калето, но овој лесно го губеше вниманието.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас ќе влезам во одајата да ти одберам и да ти донесам друга книга.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- И што порача? - праша Даме. Ти ја праќа оваа книга, - почна да објаснува служителот, - и рече: да ја прочиташ и да му пратиш друга книга, за читање.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Од светлосната топлина на ламбата, меѓу печатените букви се покажаа други ракописни букви.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Даме го фати Гоцета за рака, влегоа во одајата, клучот скрцна и тие се заклучија... - Тоа е поштата! - тивко шепна Даме.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Други книги тој скоро и не читаше, во однос на убавата литература се задоволуваше со неколку рецитации, научени во гимназијата, но кои уште за чудо добро ги паметеше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Овие и другите книги се печателе во странство, бидејќи во Македонија немало печатница.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Меѓутоа, нараснатата потреба од книги, отворањето на училишта, како и материјалната моќ на македонската буржоазија го навестувале неопходното отворање на печатница.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Препуштен на читањето на сиџилите и на сите други книги што ја прошируваа вистината за сиџилите, Татко беше свесен дека, во исто време, ја избегнува и својата можна несреќа во егзилот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имате право, велам, и ја ставам книгата од Иван Горан Ковачиќ на полицата зад некои други книги.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Имав повеќе време за учење, читање на други книги, па и играње, на кое скоро бев заборавила.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И тие луѓе да изработат една граматика што им одговара на севернословенските народности, па да остане како света книга за сите училишта, а и за пишување други книги“ /1875/.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Двајцата слатко се изнасмеаја, а потврдата ја чуваат во еден тефтер со кожени корици, на полицата со другите книги. . . .
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во едната рака носи дрвено троножно столче, а во другата книга.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
XIV Како се справи Климент Камилски со новите париски книги во веќе претесната и исполнета куќа со други книги во градот остана долго време мистерија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Времето брзо минуваше, а пред Татко испишаната грамада од хартија, речници и други книги не престануваше да се зголемува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Погледот мигум му го пленија светите книги Библијата, Куранот и Талмудот, потоа неколку енциклопедии и други книги од голем формат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко внимателно ги слушаше и напати ги одобруваше химеричните тиради на Климент Камилски за книгата и библиотеката, кои често беа преземани од други книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така сега други книги остануваа надвор од рафтовите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И кога тој го слушаше Климент Камилски како со одбрани патетични зборови зборува дека постои книга која треба да биде центар на библиотеката во систем околу кој гравитираат значењата на другите книги, како книга во другите книги, тој во себе наоѓаше убедлива потврда за моќта на својата теза за посебноста на секој поредок книги во сечија библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во обете семејства, сопругите и децата на несудените балкански ориенталисти, беа загрижени дали воопшто ќе заврши ловот по старите ориентализми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски често му велеше на Татко дека една книга може да спаси од друга книга!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие и други книги заземаа во различни периоди централно место во Татковата библиотека, најчесто наложувајќи нов распоред на книгите во библиотеката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во Татковата библиотека наредена во сличните по тема книги, се чувствуваше животот на секоја книга, небаре и прелистувањето на една таква книга беше во согласност со другите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но откако со Камилски започнаа да работат за јазиците, низ библиотеката како да излегоа најмногу книги, создавајќи апсолутно нов распоред, кој не се менуваше долго време, што ѝ правеше на Мајка посебен впечаток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И за Татко секоја книга предизвикуваше еден друг сон, кој при читањето можеше или не можеше да продолжи кај читателот или да мине во друга книга на библиотеката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој брзо ги положи своите книги и записи на страниците за јаничарите, листовите записи извлечени од други книги и речници кои останале во неговата библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа долго се задржува во себе, најчесто задржувана од другите книги...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дваесетте аспри што ќе ми ги дадеш се од милост, за да ги помогнеме неговите кутри потомци, а другите десет аспри се за оваа друга книга што ќе имаш исто така чест да ја добиеш од мене”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не е ни на мојот, ни на твојот јазик, но бидејќи тоа е библијата, а бидејќи е и толку ретка и убава, мислев ќе те радува да ја имаш меѓу многуте други книги што ги чуваш кај себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Побара други книги и почна да ѝ чита.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И оваа книга означуваше некаков излез, излез во животот, излез од Балканот, по кој Татко трагаше со сите свои други книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беше тоа куп книги, скици, мапи, лични записи, за кои Мајка посебно се грижеше, кога други книги и списи притиска во Татковата библиотека.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога се вратиле со Татко од Италија, среќна поради единственото заедничко патување во животот, Мајка негде го затурила каталогот на Ла Ринашенте, но, за среќа, набргу го нашла и повторно го вратила во Татковата библиотека, покрај другите книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Немаше време ниту да ги тргне неколкуте книги на Сталин и за Сталин, од својата библиотека, со кои веруваше дека ја штити библиотеката од непредвидливите натрапници во библиотеката, ги штити сите други книги, вклучувајќи ги светите книги на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа беа книги кои, според Татковата философија на опстанокот, го затвораа излезот кон светот во одредени периоди, кога превладуваа значењата на други книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Требаше да се трага по смислата на неговите книги во неговата библиотека, во нивниот распоред и односи со другите книги, требаше да се трага низ еден лавиринт, за да се најде некаков излез, или влез во друг лавиринт, да се живее само низ утехите на потрагите, да се има спокој на надеж само на крстопатите на балканските лавиринти.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со оглед на тоа што прави мостови кон другите книги на Луан Старова, Патот на јагулите може исто така да се смета за еден вид музеј.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А со оглед на тоа дека во овој роман станува збор за едно езеро и за браните што го загрозуваат животот, може да се помисли на една друга книга, Збогум на Матиора, од Сибирецот Валентин Распутин во кој една руска селска заедница, во советската епоха, мора да го напушти своето родно огниште, зашто во името на индустријализацијата и на одлуката донесена многу далеку одовде, нивниот крај ќе биде потопен.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И другите книги што се објавуваа во Париз не нè разочараа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многубројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И така, да претпочитам една пред друга книга, за мене тоа нема никакво значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Би ве молела да ме држите во тек со излегувањето на вашите други книги во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе ви пишувам и во друга пригода за објавувањето на оваа и другите книги кај Фајар...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ја имаше прочитано книгата Времето на козите и беше во тек со неговите планови за преведување на другите книги од сагата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На ред за преведување и објавување беа и другите книги од балканската сага Татковите книги, Балканскиот клуч, Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Треба да ја прочитам прво. DD ПТ: За луѓето кои се во бизнис не е вообичаено однапред да зборуваат за своите договори. DD ЕВ: Не ми е гајле и некој...секогаш има друга книга. DD ПТ: Денес се видов со Илеана и ја прашав за што да разговараме, а 12 Margina #10 [1995] | okno.mk таа одговори, “Не знам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тешко можеше да се разбере оваа необична и противречна игра во татковата библиотека, овој донкихотовски штит за семејството и сите други книги во времето на најжестокиот сталинизам на Балканот...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Знаеше дека грубото лице на стварноста демне од секое катче на животот, и се одрекна од светот бидејќи, рече тој, во него не може да се проникне.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Неговите книги израснаа од други книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Наместо тоа, тој ги усидри своите текстови во поредокот на интелектот, во одредливите води на библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој пишуваше фикција заснована на теологии и филозофии, литература заснована на литература.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)