друг (прид.) - краиште (имн.)

По наредба на пашата: агите и беговите, кои вилнееја овде и им го загорчуваа и правеа неподнослив поминокот - не можејќи повеќе да живеат без зулуми, ги напуштаа своите кули и се иселуваа во други краишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дали е така и во другите краишта на Грција?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лисјата на дрвјата го почнуваат својот внатрешен немир; избувнуваат, пламнуваат и гаснат во севозможни бои; капат и ги покриваат двете патеки што водат до куќата на брегот: едната се витка по брегот спирално криејќи се меѓу дрвјата, а другата искршена како недоотворено мајсторско метро, се крева нагоре од едната страна во ци-цак; птиците црцорат, прпкаат низ крошните, ги ронат лисјата обземени од возбуда на своето скоро заминување во други краишта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лежејќи во гробот, старецот мокреше. Но не го чувствуваше тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нешто смирувачки го нишаше, и зад тој крај гледаше и други краишта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Говореше за успешните зафати на угледната асоцијација во Босна, со надеж дека таа ќе се прошири и во другите краишта од орустошената поранешна Југославија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А знаеш ли зошто во други земји и други краишта гробовите зборуваат?.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се направи во темницата валкарница; пискотници и пцости го заглушуваа воздухот, а војниците од другите краишта на тврдината почнаа да се прибираат кон портата и да ги празнат и своите пушки и пиштоли, стрелајќи во неа т.е. во тие што излегуваат од неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Цветан Горски жалеше што ги немаше покрај себе и големите вљубени научници во Езерото, од другите краишта на земјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но спомнативе виденија што напати се појавуваат и во другите краишта на земјата, сепак се само сенки од сонот, или пренесен сон во чудесната кутија на денот со задача да вознемири а напати и да поттикне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Про­дол­жу­ваше да си ги дочекува и другите свои од преку границата, но ги чекаше и Татковите блиски, кои започнаа да доаѓаат од Истанбул и од други краишта на Турција, од Грција.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)