друг (прид.) - личност (имн.)

Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум.  Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Помислете на пример, на сето она што ве разликува од Fransois Villon, поет од XV век, додека ги читате неговите балади напишани во затвор: друга личност, од друга епоха, во затвор, пишувал на старофранцуски, па уште преведен на македонски.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Познатиот американски филозоф и психолог Вилијам Џејмс 1882 година за азотниот оксидул го запиша следното: “Кај мене, како и кај секоја друга личност со која имав прилика да разговарам, основниот тон на доживувањето е страотно изразеното чувство на силни, метафизички илуминации.”
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако мислев на тие приказни не ќе имаше потреба да се живеат нашите животи и да се создаваат нови приказни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку, кога веќе толку многу инсистирам на приказните, не мислев на оние што некогаш и негде животот ги напишал со помош на луѓе што ги немаме никогаш сретнато; не мислам ни на оние приказни што животот секој час ги создава користејќи притоа други личности и туѓи желби и спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Компјутерите се повеќе од аксиоматски системи; но, во секој случај, многу поверојатен е заклучокот на Gödel дека за секого постојат некои вистини - веројатно нејасни, детализирани факти за нив самите - коишто тие инхеретно не се во можност потполно да ги досегнат без притоа да се стане друга личност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Извесноста исчезна пред О'Брајан да ја спушти раката; но иако не можеше да ја поврати, можеше да се сети на неа; исто како што човек се сеќава на некое свое живо доживување од некој далечен период од животот, кога бил, всушност, некоја друга личност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Дали ви е јасно дека тој, дури и ако преживее, може да биде како некоја друга личност ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А и вие самите може да станете друга личност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До тогаш можеби ќе бидам мртов, или ќе станам некоја друга личност со поинакво лице.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другата личност беше еден човек по име О'Брајан, член на Внатрешната партија, кој заземаше некаква функција, толку значајна и далечна, што Винстон имаше само нејасна претстава за нејзината природа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Свежо измиена, внимателно исчешлана и во убавиот фустан, кога влезе во собата на лекарот, Марија беше сосем друга личност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Штом е крај нив, тој се претвора во друга личност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како можеше Хелвиг толку долго да ја крие од неа таа своја друга личност?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа борба за почитување на животот таткото ја води сам, а потоа и со други личности: еден руски прогоненик, Игор Лозински, и неговиот соработник Цветан Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Затоа, мислам дека тоа засега ќе остане во приватната фиока.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ако некоја личност е активна, ако сакаме чувството на гледачот да го насочиме врз неа, мораме да го преместиме гро-планот врз некоја друга личност”, вели Хичкок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислам дека за тоа нема да кажам ништо, бидејќи тука е вклучена и една друга личност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа добро одекнува во мене - но токму како име на некоја друга личност, и плус е мошне ретко.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4Значи ли тоа дека меѓу занимавањето со филозофија и занимавањето со пишување, што е ваша работа, и политиката не треба да се воспоставува врска?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Времето е скапоцено. 4Во својата книга Cirkonfesija споменавте дека имате уште едно име - Elie. 4Да, и тоа не е запишано во матичните книги, не знам зошто.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според моето мислење, сѐ се „изведува“ од искуството (на живото, секојдневното, безопасното или промисленото, секогаш насочено кон невозможното), така што ми останува да настојувам да пишувам на начин при кој јазикот на другата личност да не трпи поради мојот, да ме поднесува без страдање, да го прими гостољубието на мојот јазик не губејќи се и не поистоветувајќи се со него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Писателката миговно се стаписа, посака да е меѓу децата, и таа да поздравува, тоа е полесно, а на нејзиното место да е некоја друга личност.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ова последново е посебно акутно кога се поминува покрај друга личност или група на луѓе во “тврдиот” ходник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Исто така, ако другата личност беше уплашена, можев да го почувствувам нејзиниот страв.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јасно можев да почувствувам непријателство од друга личност, и изгледаше дека таквото непријателство ме загрозува и ме прави претпазлив.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)