Куќата горе ја направи уште татко му додека беше жив; го купи лозјето што беше на самиот врв, а потоа почна постепено да ги купува и другите лозја и бавчи, да го освојува брегот и да пати што не успеа сиот да го купи, да стане негов господар; со преселувањето на ридот, тој ја виде и можноста да се оттргне од луѓето, да се обгради од сите зла и несреќи што го зафаќаат селото; покрај тоа, тој одовде, од овој брег, можеше многу поубаво, појасно и попрегледно да го набљудува небото и ѕвездите, што му причинуваше големо задоволство.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Врви мравјата работа околу нив. Лозјето се спушта благо надолу, и ако гледа подолго човек по вршките на лозите, што преминуваат натаму во другите лозја, му се чини како едно зелено мирно заталасано море да го дели од полето и од градот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)