179 Втората измена на ЗИПДНД (1992), од октомври 1992 година, ги укина сите одредби кои ја регулираа исплатата на платите и начинот на пресметка, освен оние одредби кои предвидуваа задолжителна исплата на платите во паричен износ, односно чек издаден од банка или пошта, забраните за исплата на плати од дневен пазар, како и исплата на плати и други надоместоци во бонови и натура и одредбите кои ја регулираат забраната за исплата на дивиденда кога сопственичката трансформација на претпријатието не е извршена согласно со Законот за општествениот капитал 8 (чл. 1, ЗИЗИПДНДР/окт.92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Освен во случајот со долната граница на платата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите 1. Закон за исплата на личните доходи и други лични примања во Републиката, Сл. весник на СРМ, 2/91. 2. Закон за исплата на платите и други надоместоци и дивиденди во Републиката, Сл. весник на РМ, 26/92. 3. Закони за измена и дополнување на Законот за исплата на платите и други надоместоци и дивиденди во Републиката, Сл. весник на РМ, 46/92 и 59/92. 4. Закон за исплата на платите и пензиите во Република Македонија, Сл. весник на РМ, 78/93. 5. Закон за исплата на платите во Република Македонија, Сл. весник на РМ, 70/94. 6. Закони за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Сл. весник на РМ, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08, 92/09. 176 од плата, одредбите на овој закон престанаа да важат за работодавачите кои повеќе од 51% се во приватна сопственост.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
2. Пресметка и исплата на плати Законот за исплата на платите и други надоместоци и дивиденди во Републиката, донесен во април 1992 година, споредено со ЗИЛДДЛПР (1991), донесе определени промени во однос на начинот на пресметката и исплатата на нето платите што им се исплаќаат на работниците за периодот предвиден со законот, односно беше 177 предвидено тој да се применува до 31 декември 1992 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со дополнувањето на ЗИПРМ (1994) од 2005 година се пропиша дека при утврдувањето на правото за исплата на нето платите не се земаат нето платите на избраните и именуваните лица пресметани согласно со Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката (чл. 1, ЗДЗИПРМ/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Понатаму, законот од 1993 година вклучи одредба со која покрај забраната за исплата на плати од дневен пазар, како и исплата на плати и други надоместоци на плати во бонови и натура, ја прошири оваа забрана и за исплата на дивидендите (чл. 11, ЗИППРМ/93), а во законот ја вклучи и регулира исплатата на пензиите (чл. 6). 4.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Останати промени Во однос на начинот на исплата, со законот од 1992 се пропиша дека правното лице ја исплатува платата на работниците исклучиво во па- ричен износ, односно чек издаден од банка или пошта, а беше забра- нета исплатата на плати од дневен пазар, како и исплатата на плати и други надоместоци во бонови и натура (чл. 8, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тоа се: Законот за исплата на личните доходи и други лични примања во Републиката (1991), 1 Законот за исплата на платите и други надоместоци и дивиденди во Републиката (1992), 2 кој претрпе две измени и дополнување, двете во 1992 година, 3 Законот за исплата на платите и пензиите во Република Македонија (1993) 4 и Законот за исплата на платите во Република Македонија (1994). 5 Последниот закон досега има претрпено девет измени и дополнувања, во 1995, 1997, 2001, 2002, 2005, 2007, 2008 и 2009.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавачот е должен да обезбеди ниеден работник да не биде жртва на вознемирување и/или полово вознемирување (чл. 43, ЗРО). 6. Структурата на договорот за вработување е законски регулирана, и тој особено треба да содржи: 1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, односно седиште; 2) датум на стапување на работа; 3) назив на работното место, односно податоци за видот на работата за којашто работникот го склучува договорот, со краток опис на работата што ќе ја врши; 4) место на вршење на работата – а ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот; 5) време на траење на работниот однос – кога е склучен договор за определено време; 6) одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно или пократко работно време; 7) одредба за дневно или неделно редовно работно време и распоредување на работното време; 8) одредба за висината на основната плата, која му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување; 9) одредба за другите надоместоци кои му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор; 10) одредба за годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор и 11) наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите на работа на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кај нас постои и посебен закон за оваа област: Закон за исплата на платите во Република Македонија (1994).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според обата наведени закони плаќањето на работниците со „бонови“ е нелегално по секој основ бидејќи се забранува исплата на плати од дневен пазар, како и исплата на плати и други надоместоци на плати во бонови и натура.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да води сметка и да ја штити приватноста на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)