Покрај ова, прекршочните одредби се дополнети со нов член 19-б каде се предвидува казна од 1000 евра во денарска противвредност за работодавачот кој ќе ги прекрши другите одредби од овој Закон. 81 Во новиот дополнителен чл. 19-в се пропишуваат надлежностите на инспекторатот за труд, кога постои прекршување на работничките права од горенаведените членови 3-б, 3-г и 3-д.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)