Мајка ја совлада сонот, макар што, како што велеше, со едно око беше будна, а со другото спиеше, сѐ додека не заспиеше и Татко. Тогаш спиеше и со другото око.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Има во „Историјата на тајните“ еден пасус, за средбата на патрицијот со Кастилјанецот, воинот платеник, кој, крај логорскиот оган, цела ноќ, со очевидно вживување и веселба, му опишуваше како се шетал низ освоениот невернички град, несејќи на високо дигнато копје набодено дете, како во отсјајот на големиот пожар што го голтал неверничкиот храм, принудил три пленички на обилни љубовни услуги, како на заробениот заповедник му го искорнал прво едното, па другото око, а потоа го распорил од гркланот до тестисите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но верувај ми, сето тоа го доживеав со други очи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бидејќи, можам добро да замислам како, почнувајќи од тој момент, почнувајќи од тој пораз објавен од постарите браќа, младиот Marcel не можеше а да не ги набљудува со сосем други очи оние на кои до вчера им се восхитувал и чии што теории ги слушал, т.е. да не види во Jacљues Villon, вечно облечен во својата аптекарска јакничка, уметник чесен но здодевен, а во Raymond некој чија што мануелна вештина требаше да се презира од истите причини поради кои Leonardo го презирал Michelangelo, бидејќи, на крајот на краиштата, скулптурата „предизвикува потење и замор”, а оној што се занимава со неа „прекриен е со мермерна прашина како пекарски чирак” (8), додека Duchamp-овата амбиција веќе тогаш беше да воспостави некаква метода, или да спои три вида на делување: сликарот, но и интелектуалецот, и конечно, универзалниот уметник, политехничар, да стане најпосле, во својот век, она што Leonardo беше во својот, човек од одреден маниризам, церебрален и меланхоличен денди, на аристократско растојание од општеството и во самотијата на една соба која е поблиску до печката на филозофот отколку до работилницата на некаков си занаетчија.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Значи, уметникот е шизофреник кој со едното око и едниот дел од душата ги рециклира идеите на мудрецот, а со другото око и другата душа ги следи и испитува делувањата на масите и тираните.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сега ги гледам работите со други очи, ниту небото, ниту зајдисонцето, ниту храната, ниту брановите, ниту воздухот не ги гледам и не ги чувствувам како порано, сега е сѐ поинаку.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Момчињата ме гледаа со други очи, јас имав татко рокер. Со бушава коса, како мојата.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
За кратко време, почнав со други очи да ги гледам истите коли. Скроз друг доживљај.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Со пиштење ќе ги разбудам жените и мажите да ти го ископаат и другото око.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ти реков дека ќе дојдам и дојдов. Одмандали ја вратата. - Како што си дошол - така ќе си одиш. И не враќај се.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го запре Стојана пред својата порта и почна сега да го гледа со други очи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сега кафето што се служи на плоштадот во Сиена е без талог, па јасновидците со други алатки го распретуваат развратот од минатото, а на идните поколенија уште во времето на асолното кафе и онака им беше проречена рамнодушноста.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сркачите на кафе на плоштадот во Сиена задолжително фрлаат поглед кон фонте Бранда – со едното око ги гледале историските папско-царски и богаташки промендани, а со другото око, ептен ококорено, ја пулеле сегашноста низ белите гради на сиенските моми кои се враќале од вода со раскопчани елеци, баш како во старите македонски песни.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Му рече на татко ми: Лазо, ти го оставам Павле додека си жив да го чуваш, да не го делиш од тебе, да не му даваш работи, да не му се случи нешто и на другото око, зашто цел живот слеп ќе го чуваш.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кутрата Јагулица, во солзи, не гледаше во Јагулчета, туку по прозорите на соседите, да не види некои други очи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)