Во едно друго писмо (ова е напишано од Бугарин) вака ни пишуваат: „Едночудо празноглавци, глупаци и подлеци се зафатиле да посеат раздор меѓу јужните славјани и да им угодат на нашите заеднички непријатели; но нивните напори ќе останат јалови зашто честите и здравомислешти мажи се смеат над исторските шарлатанства на архимандритот Пелагиќ и над „ереминиот плач“ на неодамна починатото многублажено „Право“.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сумерското, египетското, хетитското и другите писма од пораните периоди биле мешавина од пиктографски, идеографски и јазични елементи.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Другото писмо е испратено до неговата девојка.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во пликото немаше друго писмо. Само упатницата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во купот писма што ми ги беше оставила секретарката врз работната маса, главно покани за приеми на странски амбасади, лесно го препознав мајкиното писмо.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Првин се одделуваше од другите писма по зелениот, обичен плик, кој со години кај нас беше ист, среде белите пликови од луксузна хартија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се свртив кон другите писма, одложувајќи го уште еднаш, според некоја неподнослива леснотија одговорот на Мајкиното писмо, чија содржина, бргу ќе ја заборавав, а им посветував голем дел од мојот живот...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Лажно се тешев, одложувајќи го одговорот дека Мајка како и секогаш има разбирање за својот син!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ќе пристигнуваат и други писма.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)