друг (прид.) - податок (имн.)

Без адреса, без никакви други податоци, лесно го пронајдов, речиси, во десетмилионскиот Париз - Кире карикатуристот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Маалата во османскиот период биле раздвоени врз верска основа на муслимански, христијански и еврејски, но и врз етнички карактер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Татко му беа добро познати кажаните и други податоци за маалото, но тој, сепак, со внимание го слушаше Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ме запозна со Илона, денот кога Чехињата ни го донесе првиот список (потоа следеа многу такви) со имиња и презимиња крај кои беа наведени и други податоци за жените што требаше да ги испраќаме со комбе во Бар, за потоа да бидат префрлени со брод до Италија, кај нашиот соработник Бенедито Лучијани во Бари, ми рече: „Ние сме заробени од слободата што ја приграбивме.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Според други податоци, откупот изнесувал 36 лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Токму во тој воз што не носеше тоа утро кон градот - му објаснував на Даскалов - за првпат од Огнена Гулева слушнав дека татко ми бил некој големец помеѓу партизаните што ноќевале кај нас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За сите други податоци препорачувам да му се обратиш на Боге од Бањи бидејќи и самата знаеш дека тој е нарачателот а можеби ќе биде одговорен и за погребот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Второто навраќање на Боге од Бањи, само за да проверел колку ми напреднала работата, го искористив за да му го соопштам моето мислење дека изгледа токму бабите се најдобро информирани за однесувањето, дејствијата и последиците на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И редно е веднаш да истакнам дека во мојот Извод од матичното недостасува податокот под називот татко, а не постојат и други податоци врзани со овој назив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Елен Лејбовиц, претпоставував дека можела да биде професор по француска книжевност според суптилните и задлабочени анализи на моите книги, но јас никогаш не ја дознав нејзината вистинска професија, како и многу други податоци од нејзиниот живот, почитувајќи ја нејзината желба за строга анонимност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Историјата не располага со други податоци за врагот, иако е голема штета тоа што не сме во можност да го следиме неговото движење од времето кога, по реставрацијата на Меиџи, пак дошол во Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А во мај излезе Јусуф од заробеништво како победник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Според чл.3, ст.1, ал.1-2 од овој втор закон јавните службеници се дефинираат како вработени лица кои вршат работи од јавен интерес во дејностите образование, здравство, култура, наука, труд и социјални работи, социјална заштита и заштита на детето, установите, фондовите, агенциите, јавните претпријатија основани од РМ, општините односно градот Скопје, а не се опфатени со Законот за државните службеници; а, пак, под јавна служба се институциите на 57 дејностите образование, здравство, култура, наука, труд и социјални работи, социјална и детска заштита, установите, фондовите, агенциите, јавните претпријатија основани од РМ, општините односно градот Скопје, а не се опфатени со ЗДС. 3.  Парничната постапка се поведува со тужба (чл. 175, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Органот што врши увид или реконструкција може да побара помош од стручно лице од криминалистичко-техничка, сообраќајна или друга струка, кое, по потреба, ќе помогне во пронаоѓањето, обезбедувањето или опишувањето на трагите, ќе изврши потребни мерења и снимања, ќе направи скици и фотодокументација или ќе собере и други податоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При реконструкцијата по потреба можат повторно да се изведат одделни докази (чл. 234, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужбата треба да содржи определено барање во поглед на глав- ната работа и на споредните барања, факти врз кои тужителот го заснова барањето, докази со кои се утврдуваат овие факти, како и други податоци што мора да ги има секој поднесок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)