Имено, таму било запишано дека Костадин Дамчески, Лазор Перуноски и Атанас Јанчески Цицко, брат му на Бошета Јанчески (животниот пат на Бошета, поради една изненадна околност, уште од истата ноќ зеде друга посока, го однесе далеку од Потковицата и никогаш уште еднаш не го врати назад) скриени во житјата на реченото место го издемниле Хаџи Ташку со дружината и кога овие им се доближиле на само педесетина метри истрелале сите тројца наеднаш во нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пљачката Толе ја насочил на друга посока, пљачка државни имоти, та удри, ете го, дури директно на самата војска, на столбот на царштината.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)