Дури сум склон и да тврдам дека во темнината на дворот, кога го виде Благоја и жив и здрав, лицето на тетка Бота толку силно засветли што секој од нас можеше убаво да ја здогледа радоста што ги грееше лицата и на другите присутни.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)