Но денеека беше петок, та Дуче немаше да има многу работа како во сабота и затоа и тој цврцна како другите пријатели и му издекламира на зетот една своја солена декламација, од оние што ги имаше на стотици за секој случај, а особено за свадби, крштења и првичиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Па имам, драга моја, јас и други пријатели таму.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Другиот пријател, како што ти кажав, со кого тој веќе се знаеше, беше тој Војне од Брезница.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се збудалив од радост, слегов долу при домаќинот (Коцев веќе се наоѓал скриен кај друг пријател - б.м.) и го замолив да излезе малку низ градот, можеби ќе научи нешто утешно.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Повеќе ни новата средина не ме оптоваруваше, покрај Евтим со кој бевме во еден клас, стекнав и други пријатели, ми се отвори главата и сѐ ми беше лесно, дури и математиката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Околу масата стоеја наредени столчиња, на средето од собата се наоѓаше црниот стол на кој седеа обвинетите, а крај ѕидиштата миндери за мезличарите и други пријатели или службени лица.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Друго не остана ли за мерење, прашува другиот пријател.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ќе зјапав во лап топот и ќе си го изгорев јазикот од првото утринско кафе.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Бездруго ќе му пратев еден електронски поздрав на Владимир Пиштало и на некои други пријатели кои брзаат да фатат ред за темата смрт во Венеција, ќе му мавнев отпорано на оној оџачар на покривот кој многу личи на Фелини и кој уште не беше разбрал дека секоја година зимата доцни во Венеција.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Пеперугата ја грабнала Мравката од мравињакот под дрвото и ја однела под земјата. – Вистина е сето ова!, - рекол и другиот пријател. – И јас видов како лета пепругата и како ја носи мравката .
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Доцна е за други пријатели, вели Јон, било речено, вели, непријателите да ми бидат пријтели, вели и збира плуканици, ама устата му е сува, нема што да подголтне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)