КЕБА: Право имаш, Спиро.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Пенчо одново се наведна и зеде камен, нанишани и го скрши и другиот прозорец а врапчето со млитаво висната глава и изгаснати очи го стави во џеб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
НАЦА: (Исто така гледа низ другиот прозорец.) Чорбаџи Томче. Тоа ли е саат на две нозе?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Погаништилак и празни верувања, си мисли, но оти сè е безнадежно и оти и ноќва е трудна со неизвесности, и тој е озбемен од тоа Се истава од прозорецот и некое време шета од едните во другите прозорци на одајата, од тие на западниот ѕид, пред кои до пред малку стоеше, до другите на источниот ѕид.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)