друг (прид.) - работодавец (имн.)

Но, правото на паричен надоместок, иако тој плаќал за тоа додека бил во работен однос (!?), не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: (а) давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; (б) спогодбено престанување на работниот однос; (в) остварува права од работен однос спротивно на закон; (г) престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; (д) неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; (ѓ) престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавецот за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; (е) одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; (ж) одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец во согласност со закон; (з) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец, што му се обезбедува во согласност со закон; (ѕ) губење на работната способност согласно со прописите за ПИО; (и) исполнување услови за остварување право на пензија (чл. 67, ЗВОСН – неофицијален ПТ). 107
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, работниците уште имаа право да бараат заштита на своите права пред надлежниот основен суд, но повеќе не во наведениов случај т.е. кога ќе беа прогласени како „технолошки вишок“ – што, секако, беше на работ на неуставноста. 25 д) бројни негативни промени претрпе одредбата од ЗРО (1993) според која работниот однос не може да престане ако на работникот не му е обезбедено барем едно од следниве три права: (1) вработување кај друг работодавец; (2) стручно оспособување, преквалификација или доквалификација; или, пак, (3) испратнина – чл. 130, ЗРО/93: •  во врска со испратнината, со промените до кои дојде со носењето на ЗРО (1993) веќе не се предвидуваше дека работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, а на којшто работодавецот не можел да му обезбеди ниту едно од правата во согласност со закон – има право на паричен надомест најмногу две години, а кој не може да биде помал од загарантираниот личен доход, како и право на пензиско и здравствено осигурување за овој временски период кога е без работа (чл. 18, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На пример, законски права од осигурување во случај на невработеност, кај нас се: 1) паричен надоместок; 2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација); 3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита; 4) право на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со прописите за ПИО на невработено лице корисник на паричен надоместок, на кое му недостасуваат најмногу до пет години пред исполнување услови за стекнување право на старосна пензија – а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на овој стаж; и 5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон (чл. 54, ЗВОСН – неофицијален ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Помеѓу новововедените основи се и следните: а) престанок на работниот однос поради констатирано неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; б) престанок на работниот однос поради одбивање на работникот да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; в) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец; г) одбивање да се јави или д) да заснова работен однос кај работодавец ако е упатен од Заводот за вработување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Помалата промена се состои во ограничувањето на можноста за стручно оспособување, преквалификација и/ли доквалификација само за вработување кај друг работодавец (додека претходно важеше и за работа кај истиот работодавец).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)