друг (прид.) - селанец (имн.)

Се збогува и со другите селани, го јавна коњот: сувариите по него прејдоа отспротива и заминаа долу Руда, накиснати, како војска која бега пред непријателот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Завидуваа другите селани, гледајќи ја од В'ча жила пченицата од Сукаловци. — Ќе а нап'не, ја!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Фати ја работата со добро, прибери некој и друг селанец да ти помогнат, да го предадат, оти ако го кријат тие, никогаш не ќе го фатиш или убиеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коџабашијата отиде да викне друг селанец, а Трајко навистина си ги преобу опинците, си го престегна и ременот, та си кладе едно парче леб во пазувата, си ја најде мартинката, и потпирајќи се на неа, како на ластагарка, тргна од дома, но место кај мулазимот, тој го фати долот, нагоре од селото, и преку дрезгите се измушна на крајот на селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од еден до друг селанец, дојде редот и на Трајка да биде распрашан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А дали се трпеа зулумите од овој алабак табури?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе им се скисне и ним од неговите самоволија, та белким ќе го предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакавте да бркате мене и Сефедина со аскерот, еве уште осумстотини души ќе раѓате, дури не се умирит овој пис милет, — им зборуваше Арслан на коџабашијата и другите селани кога идеа да се плачат од зулумите на дивите Анадолци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Место пљачкање, тепање, псуење, овој јузбашија го построи и се збогува со сите селани што излегоа, та дури и Толе го стисна за рака и му ја подржа малку повеќе од другите селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата, — му рече Толе и убаво го изгледа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги поганеше... - Луѓе, свестете се што правите... - викаа други селани, тргајќи го Нестора од оние што го влечкаа кон варницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од викањето се разбудија и другите селани, дотрчаа со садови, се предаваше водата од рака на рака, се правеа синџири од луѓе и се фрлаше водата; но нејзиното мало количество како да го потсилуваше огнот; некои од луѓето што беа похрабри, потпреа скала на ѕидот од куќата и се искачија на чардакот фрлајќи вода за да не се зафатат одаите и чатијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Како што кажуваш ти“, продолжив потоа, „Кочовите и другите селани се однеле како ѕверови. Удриле со камења штом сетиле крв“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој со таа доверба разговараше и со мнозина други селани и тие се запишаа во задругата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зборовите ги чу само оној селанец што беше веднаш зад него, но неразбирајќи ги, се сврте кон другиот селанец и му прати потпрашувачки поглед.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Зборовите ги чу само оној селанец што беше веднаш зад него, но не разбирајќи ги, се сврти кон другиот селанец и му прати прашувачки поглед.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Еден пролетен ден, кога снеговите се стопија, кога големите дабови под Мацково се раззеленија и Караорман ја облече својата зелена облека, со многу други селани, тргна да оди на печалба во Белград и татко му на Трајчета Тане.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не, налутено рече дедо Геро и некои други селани од комитетот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По ден-два се вратија и другите селани од планината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)