Бргу се замешавме со други семејства што наидуваа од уличките и од сите страни кон сретселото и од сретселото надолу, по патот кон црквата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Многумина настрадаа, долго време криејќи ги козите, но спасуваа други семејства, со деца и со старци на кои им беше неопходно козјото млеко за преживување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Идните јаничари потекнуваа од грчки, бугарски, српски, руски, албански, украински, босански, македонски, ерменски, грузиски и други семејства.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Токму тие го осудија нашето семејство да биде разделено, впрочем, како и многу други семејства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко, на крајот, се согласил. Барал со денови по семејните документи, го означил кругот на нашето емигрантско семејство, ја минал духовно границата, ги поврзал другите семејства во стеблото, минал и низ други граници, втасал до Турција, до Азија, дури и до Америка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Знаеше дека тој дел од духовниот живот на ќерка му е важен како религијата во другите семејства.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Семејниот идентитет беше отворената врата кон спиралата на другите семејства, кон другите енигми, кои ја осмислуваа потрагата по разликите кои ги наложуваше историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)