Со завршувањето на најраното детство завршија и моите болувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Исто како зет ти кога ја побара дада ти на свадбата на другата сестра.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Таа ова им го раскажа на другите сестри; меѓутоа, никој не знаеше што тоа треба да значи.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ама најмалава сега ги истече очите што ќе треба во оваа пустелија да чека на некој јабанџија, и башка, откога ќе се изредат другите сестри.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Корилче одвај чека да оздрави таа веќе еднаш, да си играат пак заедно, зашто тој ја сака многу повеќе од другата сестра, Верка, што често дури ја кубе за коса.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Ова е другата сестра на Марија - рече Елена, - Лиле. Вие и се знаете.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сега плачеше и другата сестра.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Можеби заради мојата болежливост брат ми беше понежен кон мене отколку кон другите сестри, и пред заспивање секогаш ме бакнуваше в чело, некако скришум, бидејќи мама се потсмеваше на секој негов гест на блискост со мене, па тој нежноста кон мене ја покажуваше само тогаш кога таа беше надвор од домот – кога одеше да риба подови во домовите на богатите или пак да им помага на дедо и на татко во продавницата за ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)