Ете имаше и такви добронамерни ...ама за деца да родиш мене ми помогна една друга тетка Куљан и еден чичко Бојан. Двајца гинеколози во Чаир.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Колку што повеќе мислев на тоа, толку повеќе се потев - па се обидов да разговарам со тетка ми Олга додека мојата друга тетка се извини и рече дека ќе донесе нешто од другата соба "да се послужиме".
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Навистина, куќата на мојата друга тетка не беше така репрезентативна, голема и блескава како куќата на тетка Олга, но барем се влегуваше преку влезната врата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но, послужувањето, за жал, не се состоеше од некое слатко и кафе, како што се надевав, туку од цела една гигантска кокошка, која, како што ми се пофали другата тетка, специјално ја заклале во мое име тој ден.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во момент на слабост ја подотворив вратата и се пресретнав со нејзината бушава, сонлива глава.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Почна да притиска и да стенка, да офка, како од некаде да се обидува да извлечка огромен товар.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не ги ни засука ракавите кога ја нурна во водата и со долниот дел го поклопи падобранот од тоалетна хартија и којзнае уште што друго под него.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Вчера, кога се вратил дома, мајка му веќе била отидена на клиника, а го пречекала тетка му.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ташко ни раскажуваше за настанот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Потоа дошле и стрина му и чичко му и другата тетка и татко му и сите биле многу радосни.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)