Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Имено, на бродот веќе (унапред) има поставено трски со саили, мамци и други тракатанци.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Навистина ценев дека не е упатно да се впуштам во додатни трака-труки и други тракатанци.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)