друг (прид.) - факт (имн.)

Второстепениот суд, со [своја] пресуда, ќе ја преиначи првостепената пресуда, ако: 1) врз основа на расправа, утврдил поинаква фактичка состојба од онаа што е утврдена во првостепената пресуда; 2) првостепениот суд погрешно ги оценил исправите или посредно изведените докази, а одлуката на првостепениот суд е заснована исклучително врз тие докази; 3) првостепениот суд, од фактите што ги утврдил, извел неправилен заклучок за постоењето на други факти, а врз тие факти е заснована пресудата и 4) смета дека фактичката состојба во првостепената пресуда е правилно утврдена, но дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право (чл. 361, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот, земајќи ги предвид сите околности, според свое [слободно] убедување ќе оцени дали ќе го земе за признаен или оспорен фактот што странката првин го признала, а потоа наполно или делумно го одрекла или го ограничила признавањето со додавање на други факти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
8.  Второстепениот суд може да ја укине пресудата и кога странката бара нејзино преиначување, а може да ја преиначи пресудата иако странката бара таа да се укине (чл. 355, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не треба да се докажуваат фактите што странката ги признала пред судот во текот на парницата – но судот може да нареди да се докажуваат и вакви [неспорни] факти, ако смета дека странката со нивното 159 признавање оди кон тоа да располага со барање со кое не може да располага.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)