Самото тоа не е она што ја обликува геј-културата. (Тоа навистина може да заврши.) Ја обликува тоа што живееме во општествен свет во кој хетеросексуалноста си ја задржува силата на норма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако си се родил со машки гениталии, вели логиката, ќе се однесуваш на машки начини, ќе посакуваш жени, ќе посакуваш женствени жени, ќе ги посакуваш само нив, ќе имаш секс на активни и продирачки начини што се сметаат за нормални и во рамките на официјално пропишани контексти, ќе се сметаш за хетеросексуалец, ќе се идентификуваш со други хетеросексуалци, ќе веруваш во супериорноста на хетеросексуалноста, колку и да сакаш да бидеш толерантен, и никогаш нема да смениш ниеден дел од овој пакет од детството до староста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, таа не треба да се побрка со бришење на субјективната геј-особеност и културна различност, а нема ни да доведе до нивно бришење.
Гејството и понатаму би било отклон во однос на културната норма, во однос на начините на кои живеат повеќето луѓе или на кои очекуваат да живеат и на општествено-културните облици што ги добиваат нивните животи и кои се стремат да ги добијат.
Тоа што ги прави геј-луѓето поинакви од другите не е само тоа што сме дискриминирани, малтретирани, што нѐ сметаат за болни или за изопачени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Систем на норми е тоа, на крајот на краиштата, а не емпириски опис на општественото постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност, хетеросексуалноста е назив за систем на норми што оди многу подалеку од релативно безопасната практика на сексуални односи меѓу мажи и жени.
„Стекнатата мудрост, во стрејт-културата“, како што ја опишува Мајкл Ворнер,
е дека сите нејзини различни норми се подредуваат, дека една е синонимна со другите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)