друг (прид.) - цвет (имн.)

Таа иста пчела ја разнесува доблеста, надлетувајќи над другите цветови, отворени за прием.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И тогај, над нашите балкански предели кога да зажари лето, кога да надојде жетва, кога да згаснат сите други цветови, тоа сивкасто стебленце ќе проговори со сета своја тага: на врвчињата на боцките ќе се покажат црвени крунички порабени во жолто.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Погледот му остана прикован за една дива пчела што натоварена со леплив полен полетуваше од еден и слетуваше на друг цвет губејќи се во раскошната крошна на расцутеното дрво.  Наскоро во градот влезе нова војска, се формира окупациона власт.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)