Во случај на обратна пропорција, т.е. на поголемо количество на звуци во јазикот L1, низа симболи остануваат одвишни од аспект на фонетиката на јазикот L.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Практично ретки, а можеби и целосно се исклучени случаите фонетското множество од едниот јазик целосно да се совпадне со фонетското множество на другиот јазик, обично, во секој од компарираните јазици се појавува извесно множество од звуци, карактеристични само за конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Дојденци, со друг јазик и вера, под иста идеологија, со книги во необична мешаница на сето тоа, просто како уфрлени во градот крај реката во ова време на козите, ние, нашето семејство, останавме долго како недостапен остров.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Помош не се наоѓа ниту во синонимите во други јазици.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Таа беше едуцирана на инакво однесување, на друг јазик, на потивок говор, на друг начин на облекување, на други вредности, нејзиниот маж на симболично навестено, ненагласено носење брада, на класична музика, на Европа, на германски повлијаената кујна, на фин бекерај, не на груби лебови, симити и јадења што се носат на глава во зачадените турски фурни, на инакви вкусови, со други културни печати, на Западот, во кој Истокот се вплетуваше како идеја за далечното потекло, длабокиот корен, идентитетот положен во далечините од минатото.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тука, во Солун, тој беше начин на живеење. Во текот на овие посебно тешки месеци без Цви, таа уште повеќе се чувствуваше странец во овој град на кој маж ѝ му беше духовниот предводник, а нејзе најважната врска.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пеев во осама. Пеев и за толпите и за осамениците.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Многу е полесно да се преведе еден текст напишан на секојдневен јазик, бидијќи на секој збор или израз од едниот јазик, обично може да му се најде соодветниот (со слично значење) во другиот јазик.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во младата македонска држава започна процесот на организирање на бројни државни институции.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со Првото заседание на АСНОМ и неговите историски одлуки македонскиот јазик за прв пат станува признат и рамноправен јазик со другите јазици.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За Иван Точко и за неговото творештво одбранета е докторска дисертација од Александар - Цане Здравковски на 25 декември 1980 год. на Филолошкиот факултет во Скопје, а синтетизираната верзија од таа дисертација, монографијата „Иван Точко“ ја објави Книгоиздателството „Македонска книга“ во Скопје во 1984 год.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Неговите раскази преведувани се на: српскохрватски, словенечки, бугарски, руски, украински, англиски, полски, албански, турски и на други јазици.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Видови на преведување
Во својата статија „За лингвистичките аспекти на преведувањето“, Роман Јакобсон разликува три вида преведување: (1) интралингвално преведување, или преизразување (интерпретација на вербални знаци со помош на други знаци во истиот јазик). (2) интерлингвално преведување или прописно преведување (интерпретација на вербални знаци со помош на некој друг јазик). (3) интерсемиотичко преведување или трансмутирање (интерпретација на вербални знаци со помош на знаци на невербален знаковен систем). okno.mk | Margina #8-9 [1994] 21
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така, размислата на академик Божин Павловски дали треба да се побрза со преведувањето на делата на Стојан Христов на македонски јазик, академик Блаже Конески, меѓу другото, му посочил на овој наш денешен деец исто така Македонец од Македонија и Македонец од македонската дијаспора: Кога се интересирав дали треба да се побрза со приопштувањето на македонските автори кои создале дела на други јазици, тој (Блаже Конески) ме охрабри со тврдењето дека се работи за творештво кое природно ќе си легне во нашите традиции.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но сите јазици од исти гласови сочинети се, и нема јазик кој од друг јазик се разликува за повеќе од дузина гласови, но нема јазик кој од други јазици се разликува само за дузина зборови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Освен албански, за друг јазик е нема, како и ние неми за албанскиот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
При решавањето на ова прашање не треба да се забораваат и следниве прашања: кои наречја од српскиот и од бугарскиот јазик се признаваат за најтипични за овие јазици и кои нивни особености се признаваат за најкарактеристични за едниот и за другиот јазик?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
146. Турското име на Стара Планина, по кое се именува и Полуостровот, Мисирков го предава во множинската форма, како што е впрочем и во рускиот и во некои други јазици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Историјата, како на нашиот исто така и на другите јазици ни покажува оти секој дијалект, поддијалект, говор и подговор може да се употребува во литературни творби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа сега и тебе ти зборувам на тој јазик, на твојот јазик, синко“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Кога почнав да го проповедам Словото Божје во многу краишта, меѓу другите јазици, го научив и оној на Македонците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Познавал и други јазици (француски, германски). Патувал често.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Има добиено повеќе светски награди и признанија за литература.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По Првата светска војна, кога неговите дела се преведуваат на англиски и на други јазици, Чехов доживува светска слава.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од 1902 живее и работи во Њујорк.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нешто подоцна го открив она што од секогаш го знаев: дека ни случајната грешка не може да биде случајна бидејќи сигурно веќе заживеала на некое друго место, во некој друг јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се работи не само за зборови од вистинско турско потекло туку и за зборови кои продирале во балканските јазици од други јазици (арапскиот, персискиот и други).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во неговиот проект доминантна беше идејата за лавиринтите (посебно за границите лавиринти), потоа метафората за јазиците (опфаќајќи го потеклото на јазиците, универзалните вештачки и природните јазици, чистењето на јазиците од зборови од други јазици, јазичната унија на балканските јазици), тука беше и постојаната идеја за јаничарството и јаничаризмот (во сите балкански империи и со неговите метаморфози особено во отоманскиот османскиот период, влијанието врз идентитетите, верските конверзии, идеологиите), потоа идејата метафори на балканскиот бестијариум (метафората на козите, на јагулите, на жртвениот јарец), војните (балканските, светските) и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зар може да има друг јазик, освен мајчиниот? Има, тоа е јазикот во твојата уста!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски иронично се насмевна на оваа шега, но Татко продолжи со сериозен тон: Јазикот ја има главната функција во зборообразувањето, но и во утврдувањето на вкусовите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Авторот на книгата, писателот и историчар Леон Каин (1841-1900), професор на Сорбона и конзерватор на големата библиотека во Париз Мазарин, во 1899 година го запознал младиот албански полиграф и полиглот Фаик Бег Коница (тогаш 23-годишен), со завршени филолошки студии во Франција, кој совршено го владеел стариот и новиот француски јазик, потоа неколку балкански и европски јазици, старотурски и новотурски, санскрит и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За тоа има многу примери не само во доменот на исчезнатите турцизми туку и кај заемките во многу други јазици? се надоврза со авторитетен глас Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не се само од новогрчко потекло, ги има и директно преземени од италијански, француски и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Двата меморандуми во оригинал се чуваат во цариградската библиотека Фатих и се објавени дваесетина пати, а прв пат се преведени во 1860 година на англиски, потоа на француски, германски, руски, унгарски, ерменски, српски и на други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Погледот го запре пред рафтот со речниците, во кои беа собрани илјадници различни зборови на многу балкански и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На инаетот, севапот и атерот истакна Камилски би можел да се надоврзе зборот аир, со потекло од турскиот збор hayr, а тој од арапскиот khjr`un.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сите други јазици припаѓаат на индоевропската фамилија јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Проникнувањето во сите други јазици требаше да придонесе тој да навлезе во длабината, во суштината, во комплексноста на својот мајчин албански јазик, во неговото најверојатно потекло од илирскиот јазик и во многу други мистерии кои се предизвикувани од постоењето на јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски можеше да помине на претставување на новиот турцизам атер, од првично арапско потекло, кој семантички се надоврзуваше на инаетот и севапот, се појавуваше и самостојно во балканските јазици (hairy на новогрчки, hater на романски, hаtr на албански, хатер на српски), со првично значење на турски (hatar) мисла, памет, паметење, прифатен во другите јазици и како милост, љубов, обѕир, добра волја да се направи нешто за некого или за некаква повисока цел, почит, кон Севишниот, кон другиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кипарскиот силабариј е дешифриран кон крајот на XIX век; повеќето натписи се на грчки, иако се чини дека писмото било составено за некој друг јазик.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
На едниот крај наоѓаме јазици како што се шпанскиот и финскиот, коишто имаат мошне правилен систем, а на другиот јазици како англискиот и гелскиот, со забележителна мера неправилности.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Колку и да се пластеа подоцна во мојата свест албанскиот мајчин јазик, македонскиот јазик на моето школување во Македонија со другите јазици како и српско-хрватскиот, бугарскиот, па францускиот, италјанскиот, германскиот, другите јазици на моето школување, остана жив засекогаш бабиниот аманет од заборавениот турски јазик, бабината синтагма а kapi, во која како да беа содржани пораките на сите учени и недоучени јазици!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа во основа е исто, но само малку покомплицирано!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Речиси и не постои соодветен термин за народност на другите јазици, другар Сојузен!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Избори од поезијата објавени на други јазици: - “Кавез” (на српски) “Графос”, Белград, 1979.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- “Kafazi” (на албански), “Рилиндија”, Приштина 1980.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Од првиот ден кога го запозна Хелвиг, и на Марија не ѝ пречеше тоа што зборуваше на друг јазик. Што е Германец.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не беше лесно да се зборува на друг јазик.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Долго време незборувани, овие други јазици се пластеа во лавиринтот на нејзината потсвест.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како што вели Дерида (5 стр. 26): ... différance нема никакво име во нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но ние веќе знаеме ако таа е неименлива, дека тоа не е привремено така, затоа што нашиот јазик сѐ уште не го пронашол или попримил ова име, или затоа што би требало да го пронајдеме во друг јазик, вон конечниот систем на нашиот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не е тешко да се согледа проблемот што тоа го предизвикува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А брат ѝ тукушто заминал на факултет во друг град, таму се запишал на нешто... што не знаеше да го каже на друг јазик освен на француски.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се вели мајчиниот јазик никогаш не умира, останува длабоко во душата, колку и да се рластат други јазици врз него.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Веруваше дека кога се совладува границата со минување од еден во друг јазик, се совладува и границата помеѓу две земји, два народа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе се обидам да убедувам, без оглед дали ќе влијаам во мој прилоg во конечната пресуда, дека зборовите ми се појавуваат во свеста како вистински кодови на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Верувајте, пред ,небескиот трибунал на моите предци, ќе се борам за правото на мојот алхемиски јазик на животот, составуван од балкански и други јазици, со сето искуство и на другите, се разбира не со цел да го релативизирам обвинението на ,небескиот трибунал, како и мојата невиност со цел да си ја спасам душата туку просто да кажам и да докажам дека не постои докрај чист јазик, како што не постои ниту ,чист народ, ,чиста религија, ,чиста нација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И добро знам, во завршниот дел на обвинението и небеските ,руристи и земските ,патриоти, наспроти полиглотите кои се сметаат за лоши патриоти, со големо уживање и најчиста совест ќе ме осудат за моето упорно ,балканско мултијазичие, за сакатењето на јазиците на кои пишував.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За на крајот и сосем да исчезне од нив, и повеќе да не се врати никогаш, колку силно и да ја довикував само со нејзините зборови, кои ги немаше во ниту еден друг јазик!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ете тој дел од татковиот јазик на душата сакав да го откријам во мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Условот за жителство во овој замок беше преведувањето на еден автор од француски јазик на својот мајчин или друг јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мојата Мајка, тихиот градинар на моите последни соништа, на нашата заедничка градина на тишината, идеше често и милозвучно ми зборуваше со зборови кои не постоеја во ниеден друг јазик, зборови на јазик на само нас двајцата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И во животот што ми преостануваше на рланетата Земја, не можејќи да ја најдам Мајка во нејзиниот јазик, без сите нејзини зборови, кои не можат да се најдат во ниту еден друг јазик, јас упорно продолжив во нив да ја барам, можеби присутна само во заедничкиот јазик на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко беше свесен дека според научните сознанија говорните јазици на Балканот беа поделени во три големи семејства: фино-угриското коешто беше претставено со унгарскиот јазик, фамилијата на турско-монголските јазици, во кој доминантен беше турскиот и на крајот сите други јазици кои $ припаѓаат на големата фамилија на индо-европски јазици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И јас, со своето перо, како Сизиф, го барав среќниот излез од јазичните лавиринти на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Готови се да ме осудат на најстрогата казна, повеќе никогаш да не пишувам, затоа што со своите постојни и измислени ,балканизми невозможни амалгами, свесно сум ги мешал балканските јазици, особено мајчиниот и другиот јазик на кој пишувам загрозувајќи ја нивната чистота.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тие најчесто зборуваа на јазикот на тишината, кој требаше да се учи со поголем напор отколку друг јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И од обете страни, и од страната на заштитниците на мајчиниот јазик и од страната на заштитниците на другите јазици на кој пишував, имаше загрижени за чистите јазици и за с друго што не може да биде докрај чисто!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе се бранам, упорно ќе се бранам, односно упорно ќе тврдам дека пишував и на јазикот на другите зашто докрај му останав верен на почнувањето, на изворот на животот, според кодот на мајчиниот аманет, да трагам по нејзината порака само во јазикот на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓу другите ги владее германскиот, албанскиот, англискиот, арапскиот, шпанскиот, рускиот, јапонскиот и други јазици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тој јазик се содржани сите други јазици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Можеби тој исто така би ги ослободил литературните зналци од конструирања на именувања со цел да се слуша и мисли, не во смисла само на еден или друг јазик туку во онаа сива зона која сѐ уште нема граници, која е одвај видлива, која нема име и не е. превод: Жарко Трајаноски извор: Translation Studies 80 Margina #10 [1995] | okno.mk ЛОКАЛНА okno.mk | Margina #10 [1995] СЦЕНА 81 Повторно, истата состојба.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Преведувањето, за Дерида и Бенјамин, го бележи или “забележува” во смисла на “изразува” афинитетот на еден текст со другите јазици.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во секој лингвистички систем во постојано делување се веќе неколку јазици - сите јазици содржат елементи од други јазици, исто така содржат и нестабилност, двозначност во нивните сопствени рамки.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Белезите, трагите, афинитетите кон другите јазици се симултано присутни со претставувањето на она на што текстот се однесува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Нивните медиумски јазици ги заштитуваат од тоа да бидат изложени, заразени или оплодени од други јазици.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За да ја илустрираме важноста на јазикот во културната солидарност, го наведуваме примерот на Иранскиот шиитски ајатолах кој дава 5 милиони долари награда за “главата” на авторот Салман Ружди, заради неколку табуизирани зборови во еден роман објавен во далечната Англија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)