друг (прид.) - на (предл.)

Еден крак требаше да оди на запад преку реката, а друг на исток.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никогаш не ќе може да помисли дека „многуте“ реки се само водите на Јантра, која во едни делови на градот тече на север а во други на југ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој влегува брзо во изложбената канцеларија. Цртежите се еден на друг на бирото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Љубов - тоа е да се остави другиот на мир, но со внимание и грижа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И кој да ги убеди дека луѓето што се делат едни против други на крајот остануваат и без гаќи и без татковина?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кој да им одговори на туристите во Галилеја?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Испружен на грб ременот на панталоните и јазлите на кондурите одврзани очи замижани раце прекрстени една врз друга на стомакот и едно вито, бело стебленце извишено покрај мене како свешта над глава. Како помрачен вежбам некаква смрт.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ние овде малку, други на друго, трето место, и ене го — агата се напрчил!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, кој знае, баси го, да ли ќе го препрчиме; како ногу корен ватил! — се јави пак некој скептик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прво, уште на пристапот кон колибите, збиени една до друга на една зарамнина, со безброј плевни и кошари наоколу, ги нападнаа булук кучишта, та изгледаше дека на Бојан и Денко овој ден им е последен ден од животот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најчесто едниот зборуваше на едниот јазик, а другиот на другиот, без да бидат свесни дека разговараат на два различни јазика.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еден примерок од решението таа им го достави на ластовиците а другиот на врабецот Џивџик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А еве сега пак истото! Едниот мисли на Србија, другиот на Бугарија.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Крај мора да има на едното, за да дојде другото на неговото место – објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите се од Голо Брдо. Едни со привремен престој, чекаат преселување во Драч, други на печалба – ѕидари и аргати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Сторивме грев, синковци господови и мои“, прослови. „Едни умираат, други на умрениот му го лапаат ајванчето.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прстите му станаа грибло во мојата коса, го копаа коренот на влакната со тврди нокти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога беа готови, тие влегоа и седнаа еден до друг на широкиот дрвен кревет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И потоа, јас сум скромна, не сум дигната, ама ај дојдете кажете ми за друга на која ѝ се случило истово, друга што патува во Унгарија сред Одеон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе ми се слоши ако продолжам да мислам. Но вистина е, вистина: си мислев нешто чудно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некои од нив ми личат на ананас, други на зелено јаболко. Зелено, значи примамливо е.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова беа и делови од омажот, кој му го посветив на Махмуд Дарвиш, на големата вечер во катедралната црква Света Софија во августовската ноќ 2007 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само еднаш, кога два члена на Партијата, две жени, седеа стиснати една до друга на клупата, успеа да наслушне, сред вревата од гласови, неколку набрзина прошепотени збора; и посебно споменувањето на нешто што се викаше „ соба еден нула еден“, што тој не го разбра.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој друг на земјината топка веднаш ќе одговореше дека ја издал Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако сака тој, сполај му; едно од место — друг на место"! . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја кладоа на кантар Јовановата тринаесетгодишна „б'лгарштина"; ја кладоа и тригодишната „српштина", но последнава натежна некако по Милановата преценка, та Јован беше принуден да фрли уште сто лири на тасот од бугарштината за да се израмни со другиот на кој беше неговата српштина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ех... толку ли е тешко да се живее раат и да се остави другиот на раат?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се сеќавам и на други мајкини поговорки и изреки, ги враќам во животот со нивното неизветвено значење, ме заштитуваат, и многу други на кои не се сеќавам, без нејзиното присуство, како неодминлив штит во мачните ситуации во животот...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
III Мајка и Татко, конквечерум, на чардакот, со отворените средишни големи прозорци, седнати еден крај друг на зелениот миндер, гледаа замислено кон реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
– „Ба, братко, колку за тоа така си е, му рекле друзите на стареата, нека е жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, да од тоа ќе знае и приказни што чул да ни каже и да нѐ чуди.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако некој се наведнува преку прозорецот од другата страна на проѕирниот свод меѓу вообличеното и невообликуваното значи: Нептун се наведнал Посејдон посегнал, стрепел страотно китот убиец во височините се нурнал свикнат на дно, на бездна свикнат на најкусиот пат до центарот, внатрешниот круг на Психе до замислената точка, мигновената морфема: едната глава на едната, другата на другата страна, оностраната медузо, пијавицо осмоока стовариште за back-up фреквенција за реставрација, свргни ја од власт формата, поведи двобој восторжи ја публиката, гледалиштето дејството изделај го зад кулиси, класично спушти го пердето, занишај ја сцената оддалеку навева Вишниот виши, виши вишнее а под него тлее водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И додека загрижените членови на семејството гледаа, тој го дофати памучниот опаш на едниот од малите змејови, го врза околу појасот, го дофати клопчето од конец, ставајќи го едниот крај во уста, им го даде другиот на децата и се вивна горе, горе во воздухот, далеку во мартовскиот ветер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Исто како и пожарите. Брат ми имаше пожар во таксито.“ „Стварно! Види, мајката!“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Некој одзади оставил запалена пура или цигара. Изгоре како ништо.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Торнадо? Знаеш, никогаш не сум размислувала за тоа. Еј, Лин. што е разликата помеѓу торнадо и ураган?“ „Едниот е на море, а другиот на копно.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Едно сигурно знам. И едниот и другиот можат да ти надојдат за минута време.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И едното око му гледа на едно, а другото на друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
дали тогаш се сети дека жената и детето му останаа во Албанија, не знам што се скрши толку за да стои само заделен, ко забошотен човек, го гледаме ние Радевски, а Апостол Макаровски ни покажува две кабини со врати на заклучување, одете вие во кабините, ни вели и едната ни ја дава мене и на Горачинов, а другата на Оливера Поточка и Манол Форевски, вие сте сепак брачни другари, вели,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сè си има своја убавина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Имаш право – реков, а си помислив – Охрид е полн со млади, со живост, со кафулиња, со забава, плажи, дискотеки, а Маврово... – и ми се стегна малку срцето, но во истиот миг го слушнав неговиот глас, кој некако, не знам како, почнав сѐ почесто да го наслушнувам: - Не биди како оние што секогаш мислат дека е подобро на некое друго место, на секое друго на кое што не се тие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)