Од собите до нас се слушаа себеобвинувања, грозничави кикотења, удари со главите, тупаниците и нозете по ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И едните и другите брзо станаа заштитници на Егејците кои се преселуваа од СССР, Полска, Чехословачка, Романија и Унгарија и првите и наредните денови по пристигнувањето ги поминуваа во Идризово не за да одморат по долгото патување, туку на распит за да откријат меѓу нив агенти.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од собата над нашата се слушаа чекорите на Ханс и Јохан – едниот чекореше бавно и тешко, другиот брзо и отсечно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)