Другите веќе замацале во вкусните јадења, се насладуваат, пијат. Вистинска гозба.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Додека со едната рака се фаќав за стожерот, дланката од другата веќе си ја ставив на носот што го чуствував како мразулец.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Додека другите веќе на големо експерименираа со помалку или повеќе недолжни предигри, таа сè уште размислуваше зошто никој не ѝ пришол и не ја прашал дали сака да му биде девојка.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Што беше уште почудно, Дуковци сееја и просо, чие семе одамна кај други веќе беше изгубено, па во одредени денови, на празници, жените месеа просеник, леб од просо, необично вкусен и пожелен за оној што го јадел како дете.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И сѐ така: еден се губи зад ридовите, а друг веќе се крева и нѐ брка ко зајаци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Предат во речениците, го повторуваат она што некој друг веќе го рекол.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Геј-мажите едни на други веќе не си беа наизменично сестри и сопернички за наклонетоста на младите и убавите; сега тие едни на други си беа претпочитаните предмети на посакување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако заведувањето игра на картата на претчувствување на она што во другиот останува вечно тајно за него самиот, на она што никогаш нема да го дознаам за него и што сепак ме влече како тајна, тогаш веќе не останува многу слободен простор за заведување, бидејќи денес другиот веќе нема многу тајни ни за самиот себе.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Што се вели: едно уште ти плаче во нивата, дури кршиш ветки за да го зачекуваат до сонцето, од горештината, а друго веќе ти тежи под појасот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го превртува едното око, другото веќе не му се гледа од јачменчето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)