Кога ти велеше ваа онаа ти, море опечали се, брату, опечали се, та ако чекаш на друг никогаш нема аир да видиш!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ние немаме сопствени волји, и другиот никогаш не е оној со кој сме судрени по своја волја.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
За човечките суштества Јас е секогаш Јас, и Јас не може да биде Ти, и Ти не може да биде Јас; и ветерот секогаш ќе биде нешто друго, иако ќе минува покрај мене, иако понекогаш, заради неговата силина, ќе ми се чини дека ми се вовира во коските, ветерот ќе остане ветер, а Јас ќе бидам Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Човечкото суштество прави јасна разлика меѓу себе и светот – може да сочувствува, може да биде бесчувствително, но секогаш мојата болка е моја болка, и мојата радост е моја радост, колку и да ги споделувам со другите; а болката и радоста на другиот никогаш не можат да бидат во потполност мои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во тоа тие беа повешти од него, мразници ми полазија по жилите, го изгубив сиот мир, сиот сон. Методија Гришкоски и другите никогаш нема да му ја заборават претставата со ранетиот партизан, изведена по истоимената драма.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Едниот, дека не е намќор и накренат и дека е подготвен на милост; другиот никогаш да не заборави од каде произлегол и така да си ја најде мерата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)