Манија е изведено од грчкиот збор за лутење и лудило, бес, за форма на душевна болест.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Пред телесно и духовно да пропадне поради душевна болест, тој со помош на “рудолфинскиот круг” ја претвори Прага во интелектуална светска престолнина од посебен тип.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Била на лечење во болницата за душевни болести.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но, има и една мошне конкретна идеолошка придобивка што произлегува од дефинирањето на хомосексуалноста како политичка и општествена состојба, а не како субјективна: таквата чисто политичка дефиниција на гејството помага да се осигура дека хомосексуалноста никогаш повеќе нема да се сфаќа како душевна болест – како болештина за која треба да се обвинат геј-луѓето како поединци, наместо да му се стави на товар на хомофобичното општество во кое живееме.
Лезбијското и геј-движење, затоа, имало и тоа како добри причини да го обезважнува субјективното доживување на хомосексуалноста, да пренебрегне како ние ја чувствуваме хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па сепак, и покрај тие ситни, а чести пакости, во него преовладуваше убедувањето дека душевните болести на современиот човек не можат повеќе да се лекуваат со малограѓанска свест, со која единствено беа вооружени психијатрите од стариот ков.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така и докторот што ги лекуваше туѓите душевни болести, сега се затвори да си ја лекува сам болката без да ѝ го знае лекот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но, овој систем на грижа за пациентите со душевни болести е најдобриот можен начин.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не. Слободата е првиот услов за каква и да е грижа за некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие всушност беа смирени со седативи, а оваа сенишна градба со дебели камени ѕидови и студени столбови беше болница за душевни болести.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Погледот на лицето од болничарката беше доволен за да сфати дека никаква молба нема да ѝ помогне пред таа џиновска жена во униформа која, поради нејзината извонредна сила, ја викаа Херкулина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)