Најчесто и кога ми пишуваше за актуелните балкански политички теми, во времето по трагичните братоубиствени војни на просторите на поранешна Југославија, со закани тие да ја зафатат и Македонија, Елен Лејбовиц тоа го чинеше, противставена на немоќта на европските институции, барајќи ги причините за несреќите, најмногу, како што ми пишуваше, поттикната од читањето на моите книги, кои како што велеше, тие не ги набројуваа злата на нашите земји, туку го раскажуваа Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Француската Источна армија, во 1914 година во блискиот град Корча, пред сѐ, од стратешки воени причини, ја зазеде Корча и тука формира мала Корчанска република, посади преку ноќ мали европски институции во доменот на администрацијата, судството, здравството, даночната политика, по зазор на француските институции.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така претседателот Франсоа Митеран на последната средба со Бургиба, му префрлува на стариот волк дека земјата, и покрај тоа што оствари голем цивилизациски и економски напредок, создаде високи технократски елити кои успешно комуницираат со европските институции, посебно со француските, меѓутоа земјата уште повеќе би напредувала доколку и реално во неа заживее мултипартиската демократија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Фаик Коница поддршката на Гијом Аполинер ја сметаше како да ги имаше зад себе сите врвни европски институции кои со векови не можеа да го разберат Балканот, освен по својата дива егзотика, мистериозни јазици и племиња со средновековни обичаи, по повремените варварски пресметки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Точно е дека ние не можеме да се ослободиме, во текот на нивното формирање, од нормите на нашите европски институции.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)