Во право си, пријателе се надоврза Камилски зборот јаничар, прифатен во францускиот јазик (janissaire), означуваше војник на елитната гарда на Султанот, но овој збор од турската историја се применува со проширено значење во европската историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Градот, кој ги бележел своите почетоци уште во времето на Римската Империја под името Скупи на левата страна од реката Вардар, станал и легионерски центар (13-11 година пред новата ера) во време на владеењето на Октавијан Август.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За маниристите на 20-иот век, што лесно може да се покаже со примери од европската литература, фигурата на „државник“ на досегашната европска историја станува симбол за неуспех на човекот во историјата, доколку се мисли дека во историјата дејствуваат „апсолутните“ вредности (во платоновска смисла) на Доброто, Вистинитото и Убавото или, во христијанска смисла, Љубовта. Giuseppe Arcimboldi, Рудолф II okno.mk | Margina #26-28 [1995] 220 Политиката за Балтазар Грасиан, на пример, е „хаос од државни причини“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Европската историја на литературата во едно се согласува: еуфистите, маниристите, гонгористите, кончетистите и прециозите не биле ниту политички легитимисти ниту религиски конформисти (иако понекогаш се „продавале“ за такви), ниту биле следбеници на било какви утилитаристички етички теории и токму тоа ја фрлало во очајание идеалистичката историографија на 19-иот век!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Со решенијата донесени на Виенскиот конгрес била прекроена картата на Европа, игнорирајќи ги притоа националните интереси на народите и малите држави. 2 Корените на американскиот изолационизам датираат уште од 2 декември 1823 година, кога Монро му објавил на светот дека „политичкиот систем на сојузничките сили битно се разликува… од политичкиот систем на Америка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На истиот, за прв пат во европската историја, на едно место биле собрани два императора, четири крала, два принца наследници, три херцози, 215 претставници на кнежевски куќи и 450 дипломати и официјални лица.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Синот-наратор, во замислена балканска сага раскажува за своето емигрантско албанско семејство во текот на еден од најтрагичните векови во европската историја каков што беше балканскиот XX век, врз основа на наследените книги од подвижната егзилска библиотека на својот Татко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За Албер Ками, распнат меѓу медитеранските екстази од детството младоста и пресметките со европската историја, ова раздвојување на животот, го предизвикува чувството на апсурдот, кое ќе ја структурира во сегмент од филозофски систем...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
ЕПИЛОГ И така завршија моите први дипломатски години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не мина многу време од моето враќање од Тунис и државата Палестина, федерацијата Југославија која ја претставував започна да се распаѓа во повеќе држави по силни братоубиствени војни кои не ги познаваше повоената европска историја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Андре Малро како да беше еден од последните!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Свесен дека народите кои страдале не се агресивни, се служеше со бројни примери од европската историја за потврда на своите тези.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој беше интелектуалецот од клучните барикади во поновата европска историја. Неговиот збор мобилизираше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зарем и самата европска историја не претставуваше вечно уривање и градење на Картагина од страна на минливите империи?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во овие клучни периоди од балканската, но и од европската историја, од крајот на Првата и на почетокот од Втората светска војна, на Балканот и во Европа, Мајка ги имаше и своите најрадосни мигови во животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)