Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Толевите двесте и педесет, и уште толку собрани од цело Мариово, му ги теслимија една вечер на секретарот на Толета — Шаќира и овој се преоблече во мариовски алишта и, со пушката под сакма, со пазарџиите отиде во Прилеп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Бравос, бре Мариовци, — извикаа сите тројца и ги прибраа парите, а Крстета го одведе Бајракот кај Алимасковци да преденува, па вечер да го испратат назад во четата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И така, една вечер еднаш неделно, Винстон минуваше по четири часа во парализирачка здодевност, навратувајќи едно на друго мали парченца метал кои веројатно беа делови од запалка за бомба, во една промајна, лошо осветлена работилница, во која удирањето на чеканите мачно се мешаше со музиката од телекраните.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И една вечер манукот ја собрал братијата и што да видат - цели крбли сѐ суво злато.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Прокоп залудо бараше работа. Исцеден и жолтосан, од редната која немилосрдно го тресеше, тој се јави една вечер кај Аргировата тајфа. Но не да бара работа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Една вечер, дури луѓето од тајфата си легнуваа да спијат, Веле потајно се искраде од колибите и отиде, сам во ноќта, на градилиштето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Една вечер се вратив порано од работа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Куќата си бара стална домаќинка, по цел ден во неа да си работи, - го слушнав, една вечер разговорот меѓу тетка Рајна и татко ми.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Една вечер бевме поканети кај деканот на Медицинскиот факултет и ни приредија многу убава вечера со разни специјалитети.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
А ти, значи, што доби? Го искина животот покрај човек нечувствителен кога си ти во прашање, ете, паметам, една вечер, иако сите бевме поднапиени, се вомјазивме кога наеднаш тој стана и рече: Абе, што сторив, требаше уште во дванаесет да ја земам жената од абортус...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Една вечер, додека седеа пред шаторот на ниски столчиња и ги бележеа резултатите од денешните ископувања, инженерот Александар праша: - Што велиш, да испратам по Елена? Доктор Коста ја крена главата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Така една вечер, така друга.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Чанга со восхит слушаше една вечер кога татко ми занесено му раскажуваше како козата успешно поминувала низ римската, византиската, отоманската, па еве веќе успеала да се пробие и низ сталинската империја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Една вечер тој му се довери на Чанга дека пишувајќи за козите, трагајќи по бројни податоци за нивното заедништво со луѓето, се надоврзувал на еден свој животен труд за Историјата на балканските империи, во која биле замешани и козите!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Е, кога се врати една вечер татко ти од лов на зајаци, нели ни го раскажа она за чија што точност и самата навистина не сум сигурна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тетка небаре ја следеше внатрешната линија на моето љубопитство, на времето разделно, па продолжи: - Една вечер пред заминувањето, стариот прилепски кадија му ја отворил до дно душата на татко ми крај чашката ракија и погледот упатен кон сините езерски далнини: „Пријателе мил, дојден сум да се збогувам со тебе, со Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)