Една група се собрала и пеливаните се кркорат сред неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа, ако сте согласни, едниот од нас со Милана да остане со половината од вас овде, а едниот и другата половина — да ја фати онаа друга чука — Лигураса се вика — па ако, биде нападната и опколена едната група, другата да може да и помогне, наоѓајќи се надвор од обрачот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Значи, едната група се формира од Ѓорѓија Ацев, Глигур Соколов и Толе од Крушевица.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Си ги нарамија пушките и кинисаа да ги делат страданијата со своите блиски и роднини в село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ќе а истутнеме зимата со овој човек,— се тешеа сите полчивци кога слушаа што се прави по другите мариовски села.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Многу од четниците и востаниците, што одеа и со едната група, и со другата, одвај го дочекаа ова соопштение.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако тргнеме по ридиштата без залак леб, ќе позастанат момчињата, не ќе можеме да ги одведеме, — заврши поп Пано со својот предлог.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да го оттргне бегот сина си од ова влијание беше го испратил некоја и друга година во Стамбул на училиште, а тој се запиша потоа во военото училиште и со една група кадети отиде и проведе две години во Германија, та кога се врати, стана муљазим, а пред една година и јузбашија!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Според него било предвидено да се изврши пробив со две оперативни групи во големина на бригада предводена од воено и политичко раководство од највисоките форуми: со едната група во Централна, а со другата низ Источна Македонија, а една група да остане во реонот на Кожув и да дејствува во Тиквешијата и на десниот брег на реката Вардар јужно од Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Бомбата беше разурнала една група куќи двесте метри подолу во улицата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Преминувањата од една група во друга се далеку помалубројни отколку во капитализмот, или дури и во прединдустриската ера.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во едната група беше татко ми Кире а во друга мајка ми Невена.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Посматрајте една група бабуни во која се одвива борба за власт.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Една група мажи отаде купот земја беа вдадени во разговор за цената на печурките вргањ, суви по толку килото, сурови по олку, некој вели се исплаќа, некој не се исплаќа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во барот, како што влезе, така здогледа една група од седум-осум „бизнисмени“ од таканареченото мало стопанство. Всушност транзициони шмекери.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Всушност, така јас и моите посетители станавме една група која неополномоштено завлезе во едно многу деликатно прашање, и така јас самиот влегов во ризик за кој, сѐ додека не се случи најлошото, ни од далеку не бев свесен.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Истовремено, тие се маркери на различноста, помагаат во дефинирање на културниот идентитет на една група vis-à-vis аутсајдерите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)