Се сеќаваше на собата во која живееја, темна задушлива просторија, чија една половина ја исполнуваше еден кревет со бела прекривка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лежеше склопчена, нејзините нозе беа собрани, со колената кон брадата а стапалата кон задникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На крајот од спалната, во аголот, на еден кревет, лежеше Клара во бела ноќница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во собата имаше еден кревет, уредно наместен со превиткан чаршаф и ќебе, што Александар го потсети на планинското детско летувалиште во кое родителите редовно го испраќаа за време на летниот распуст.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)