Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„ Ќе можев да го поднесам дури и тоа, да не беше само уште една работа“, рече тој.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да ти кажам една работа. Лажеш уште пред да отвориш уста.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Кога вселената&провидението во принципиелна коалиција со борците и Бранко се решат на една работа, тогаш тоа сигурно ќе се оствари.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
СИТЕ: Ајде, ајде! (Тргнуваат.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Не! Ви благодарам, ама треба да одам по една работа...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Од разговорите јас можев да заклучам дека тоа е едната работа што ја запомнил Симон и за која е можно да не му заборавил на Борко.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Она, што се случуваше со тоа небо беше една работа, која што беше вон од секој дофат и која можеше да трае денови потераници.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Језекил знаеше само една работа и над неа сега беше седнат натемаго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А тоа дека мораше да им се врати сам, тоа што не ни помисли да ги чека да дојдат и да го земат, беше во него пак уште една работа, кон која тој не можеше ни да замисли, а да не се придржува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- И пак гноење на нивите и пак орање, вели Мирче, една работа завршуваш, и само што си се обѕрнал, - гледаш веќе друга работа те чека...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)