Слично на Грос, Ото Дикс, исто така, минувајќи низ воените случувања, стана жесток пацифист, така што и тој од почетокот на дваесеттите години мина една фаза во која неумоливото констатирање на бедата и неволјите и укажување на злата креатура и грабливото животно во човекот, по пат на претерување добиваат експресивни црти.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)