Кога почнав да работам на подготовката на изложбата за јубилејот на браната, најдов една фотографија на која се гледаат Борко и Симон, само двајцата, сликани во некој момент кога Борко ја посетил браната во екот на градбата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)