еден (прид.) - за (предл.)

Трајковиот дел го зеде Митра да го работи „наполу“, едно за него — едно за неа, оти тие со Стоја се поголема тајфа, та „да може да чкрипне некој и друг лакот за тие црвците децата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко ја насети дилемата на Камилски, на моменти како да беа еден во друг, еден за друг, никако еден без друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Луѓето од фирмата ветија дека до доцната пролет, кога ќе може без пречки да се работи, ќе ги проучат уште еднаш детално нацртите и ќе додадат сѐ што би било потребно, за да не се направи некаков пропуст и уште дадоа гаранција оти ќе одделат доволно машини (се рече дека ќе се ангажираат три копачки машини „мерцедес“ марка: едната за теренот во планината, другата за делот од планината до селото, и третата за во самото село) и доволно луѓе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во 10 000 предвидени проекти, дај и еден за кој нема потреба од буџет - само пепелници за по маси.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мимоза Рубен, нашата наставничка по француски, имаше обичај да му каже на сред час: „Виктор, ти како да имаш две усти, едната за Хорацио до тебе, една Милица пред тебе. Quel bavarde!“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие, исто боледуваат едниот за другиот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Новата власт започна и со реквизиција, собираше месо, жито, маст, сирење; постави нов кмет и донесе нови мрежи за ловење риби и им ги раздели на рибарите да фаќаат што повеќе риба; власта ги пречекуваше рибарите и уловената риба ја делеше на два дела: еден за рибарите, друг за власта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не е голем сликар, во теоријата тепка. Исто мислиме еден за друг.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Има такво нешто кај нашите борци: се дружат, залченце тврдо и отпушок делат, се бијат и се плашат еден за друг, но понекогаш во себе сакаат да ѝ се потсмевнат на туѓата неволја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Едните за другите велеа дека се дезертери, а другите дека се предавници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)