Кога се обидувам да ги актуализирам сознанијата од записите за кои станува збор, нагласи професорот, всушност само укажувам на внимателно документираните наоди за една појава што мојот монах ја следел през еден прилично долг период, изгледа подолг и од пет- шест десетолетија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)