И Татко беше облечен во својот единствен костум за мејдан, очекувајќи го својот пријател, на последната дебата околу гастрономијата и јазиците, поточно за местото на османскотурските зборови од областа на исхраната, пијалаците, кои со векови се наоѓаа на заедничката трпеза на Балканците, обајцата убедени дека исхраната обележува една цела цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Немаше однапред договор кој ќе реферира за турцизмите во доменот на исхраната, туку обајцата требаше да бидат максимално подготвени за оваа последна дебата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако го испи со Мајка утринскиот чај на чардакот, Татко го облече единствениот костум што го имаше, стави излитена вратоврска и ја зеде црната паларија, со новата кордела, која јасно контрастираше со капата, ја зеде старата чанта, донесена од Цариград и носена низ неколку режими, излезе од дома упатувајќи се кон куќата на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)