единствен (прид.) - носител (имн.)

Но, секогаш бев единствен носител на последиците од самоволно однесување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во почетокот на 1944 година немало сомневање во фактот дека НОВ и ПО на Југославија се главниот фактор во борбата против силите на Оската, дека ја имаат поддршката на народот и дека се единствените носители на борбата против окупаторот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Согледувајќи го развојот на настаните во Југославија, на британскиот премиер Винстон Черчил, веднаш по Техеранската конференција, му станало сосема јасно дека НОВ и ПО на Југославија ќе бидат решавачкиот фактор во повоеното уредување на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од ден на ден, аргументирано, на страниците на печатот се изнесувале докази за улогата на Дража Михаиловиќ и на четниците во борбите во Југославија и кои, уште од почетокот на војната, британската, американската и пропагандата на Југословенската влада во емиграција ги наметнувале како единствени носители на отпорот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, од средината на 1943 година, сликата целосно ќе се промени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговите информации ги исфрлиле на површината партизаните предводени од комунистите како единствени носители на отпорот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дража Михаиловиќ и четниците биле промовирани како единствени носители на отпорот во Југославија, и покрај тоа што на другата страна се наоѓале партизанските единици, кои биле организирани и раководени од Комунистичката партија на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие информации резултирале со испраќање британска воена и материјална помош на единиците на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британците можеби доцна увиделе кој ја има наклонетоста на поголемиот дел од населението.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)