единствен (прид.) - радост (имн.)

Значи, жената излезе на прозорецот само за да го види него и сигурно затоа што беше забележала дека и тој е на својот затемнет прозорец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти ми беше единствена радост, но чувствував дека немам право да се врзувам со тебе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Ова е Влатко - новиот - ќе учи со нас! - се поздравува, се насмевнува, се врти де лево, де десно - зашеметен од вревливите разговори, гргорливи, сите во една единствена радост слотени... загледува, се надева - ќе здогледа некој лик кој барем малку би личел на неа - на Јана, некоја коса што би светнала како косата на Јана, некои темни очи како очите на Јана... попусто... попусто... нема... нема ништо слично, а пак исто - исклучиво не може да биде...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)