Таа покажуваше дека на Закинтос, и во новиот драматичен тек на времето, не настрада стариот дух на човечката солидарност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога го гледаше во тие свечености тивко да ја пее „Химна на слободата”, знаеше дека тоа кај овој човек не пее само патриотското, туку пред сè човечкото срце. До крајот на животот, меѓусебно се гледаа со топло пријателство чија подлога беше солидарноста искусена во тегобните сиви денови на окупацијата во кои едниот на другиот си беа единствените светлини. Кога во 1953 година островот го погоди катастрофален земјотрес и урна многу од градбите на стариот град, заедно со островските архиви пропадна и преписката на митрополитот на Закинтос со Хитлер, првиот брод со помош пристигна од Израел, со порака на која пишуваше: *„Евреите од Закинтос никогаш не го заборавија својот Градоначалник и својот сакан Епископ и она што тие го сторија за нас“*.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)