Единствена утеха му беше самиот Сокол и шумата, и во повеќе моменти се чувствуваше како да е со своите овци и кози, па дури и кавал купи и по цели дни ги свиреше оние исти песни што ги извиваше со звуците на ѕвонците и клопотарците.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако више сте станале интернет џанкери, а не можете да се отргнете од тоа срање, единствена утеха е во тоа дека е боље да сте зависник од нет отколку класичен џанкер и да чекате на ред у Кисела Вода.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
За мене нема спас. Нема лек.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Ноќта беше единствена утеха.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Беше тоа премачн искушение, единствената утеха што ми преостануваше...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Единствена утеха ѝ беше малечкиот син, кој спокојно дишеше крај неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Единствената утеха им остана неговото сестриче Анѓа, кое како секое близначе со ништо не се разликуваше од братчето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Брат ми се насмевна. „Иако тоа не е точна констатација, убаво звучи: Убавината е единствената утеха на овој свет.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во материјалниот свет сѐ е една голема неправда, а бидејќи не знаеме дали по ова постоење ќе постоиме во некоја друга реалност, во некое утешно постоење, единствената утеха на овој свет е убавината.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И мене, можеби како единствена утеха и можност да се доближам до Мајка, да исполнам некаков долг кон неа, којшто таа никогаш не би го побарала од мене, ми остануваат овие пишани зборови, на различни јазици, како сведоштво за една судбина и за едно опстојување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)