Кај правните лица кои вршат дејност распоредена во областа од 01 до 11, за месец јануари 1995 година, планираната стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот месец во однос на претходниот месец се намалува за 0,5 процентни поени, односно до остварената стапка на пораст докол- ку таа е еднаква или е под планираната стапка на пораст на трошоците на живот, наспроти претходната стапка на пораст, која, според зако- нот од 1993 година, за месец јануари 1994 година, се намалуваше за 1,5 процентни поени (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И промената кај правните лица кои вршат дејност во областа од 12 до 14, (со исклучок на правните лица кои се регистрирани како претпријатие), исто како и погорната, се однесува- ше на висината на процентните поени со кои се намалува планираната стапка на пораст на трошоците на живот, при што таа сега изнесува 1 процентен поен, доколку е еднаква или е под планираната стапка на пораст на трошоците на живот (за месец јануари 1995 година), наспроти онаа утврдена во законот од 1993, која беше 2,5 процентни поени (за месец јануари 1994 година) (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)